0_Спорт.ПорталФудбал

Луиз ќе го обнови договорот со Арсенал

Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, ќе го продолжи договорот со клубот, објавија британски медиуми.

Лондон, 24 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, ќе го продолжи договорот со клубот, објавија британски медиуми.

Според „talkSPORT“ 33-годишниот Бразилец ќе потпише нов договор за период од една година.

Претходно во медиумите имаше информации дека играчот ова лето може да ги напушти „топџиите“ како слободен агент.

Во сезоната 2019/20, Луиз одигра 33 натпревари за Арсенал, има два гола и една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close