0_Македонија.ПорталПолитика

Лубомир Јовески оствари средба со првиот човек на Европравда, Ладлисав Хамран

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствувале и јавни обвинители од ЈОРСМ, како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска, информираат од прес службата на ЈОРСМ.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствувале и јавни обвинители од ЈОРСМ, како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска, информираат од прес службата на ЈОРСМ.

На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, била истакната досегашната соработка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија со оваа европска институција, особено статистичките показатели и можностите отворени со назначување на јавниот обвинител за врска.

Јавниот обвинител Јовески ја презентирал структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Притоа, Јовески и Хамран заеднички ја нагласиле важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на сериозниот и прекуграничниот криминалитет.​ оџ/аа/

 

Back to top button
Close
Close