0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

ЛШ: УЕФА сака да ги премести дуелите од осминафиналето во Португалија

Бидејќи последниот турнир во елитното натпреварување се игра во Лисабон (12 август), ова во голема мерка би ја олеснило организацијата според протоколите за коронавирусот, но и ќе им наштети на некои тимови.

Лисабон, 3 јули 2020 (МИА) – Останаа уште четири реванш натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите, а планот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) е да ги премести сите во Порто и Гимараеш, пренесоа синоќа медиумите ширум светот.

Бидејќи последниот турнир во елитното натпреварување се игра во Лисабон (12 август), ова во голема мерка би ја олеснило организацијата според протоколите за коронавирусот, но и ќе им наштети на некои тимови.

Во тој случај, најлошо би поминал Манчестер Сити, кој има предност од 2:1 по гостувањето кај Реал Мадрид и со тоа ќе ја загуби предноста на домашниот терен. Бројни светски медиуми јавуваат дека „граѓаните“ лобираат против ваквиот исход, а слично се чувствуваат и во Барселона, која очекуваше реванш на својот „Камп Ноу“ по ремито во Неапол (1:1).

Јувентус исто така го чека реваншот од Лигата на шампионите во дефицит, со оглед дека загуби во Лион (1:0), додека Баерн е, можеби, најнезагрижен, бидејќи рутински го совлада Челси во Лондон (3:0).

Таг
Back to top button
Close
Close