0_Спорт.ПорталФудбал

ЛШ: Прекинат мечот ПСЖ – Башакшехир

Натпреварот од последното коло во Х-групата во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат на средина на првото полувреме поради инцидент што се случи на гостинската клупа.

Париз, 8 декември 2020 (МИА) – Натпреварот од последното коло во Х-групата во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат на средина на првото полувреме поради инцидент што се случи на гостинската клупа.

Помошникот тренер во гостинскиот состав Пјер Вебо доби црвен картон во 16. минута, а од турскиот тим тврдат дека потоа четвртиот судија упатил навреди на расна основа. Следуваше десетминутна расправија со главниот судија Хатеган од Романија по што фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот.

Кратко потоа, кон соблекувалната заминаа и фудбалерите на ПСЖ. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close