БизнисЕкономија

Ловната сезона на диви свињи завршува во законски предвидениот рок на 31 јануари

Ловната сезона за лов на диви свињи ќе заврши во законски предвидениот термин на 31 јануари, односно нема да се продолжи.

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Ловната сезона за лов на диви свињи ќе заврши во законски предвидениот термин на 31 јануари, односно нема да се продолжи.

Ваков став донесе денеска Управниот одбор на Ловечката федерација на Македонија, а во врска со новонастаната состојба со појава на Африканска чума кај свињите во соседна Србија во реонот на Пирот и Димитровград  и опасноста од нејзино проширување во потесното опкружувње како и во ншата држава.

Од Ловечката федерација информираат дека деновиве имале активна комуникација со Ловечкиот сојуз на Србија и Ловно-риболовниот сојуз на Бугарија при што се добиени сите информации за моменталната состојба, и мерките што ги преземаат.

– Земајќи ги предвид сите информации со кои располагаме како и фактот дека ловната сезона на диви свињи веќе трае шест месеци и е исполнет планираниот годишен застрел и за понатамошен отстрел имаме законска пречка, а пред се поаѓајќи  од ловечката етика и морал, не можеме да дозволиме да отстрелуваме бремени женки и да го вознемируваме останатиот дивеч во репродуктивен период, УО на Ловечката федерација на Македонија едногласно зазеде став ловната сезона за лов на диви свињи да заврши во законски предвидениот третман на 31 јануари, однсоно да нема продолжување на ловната сеозна, наведуваат од Ловечката федерација.

Додаваат дека нивниот став го темелат и врз стручното мислење на катедрата за ловство при Шумарскиот факултет во Скопје, кое е базирано на научна основа и е идентично со нивниот став.

– За сите разумни мерки, отворени сме за дијалог и нивно спроведување, велат од Ловечката федерација.скс/са/

 

Back to top button
Close
Close