Дописници СветСветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Лошото време го одложи лансирањето на ракетата на „Спејс икс“

Лансирањето на вселенскиот брод „Кру драгон“ синоќа беше одложено поради лошите временски услови и е презакажано за в сабота

Вашингтон, 28 мај 2020 (МИА) – Лансирањето на вселенскиот брод  „Кру драгон“ синоќа беше одложено поради лошите временски услови и е презакажано за в сабота.

Ракетата на компанијата „Спејс икс“ треба да ја превезе капсулата со двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица.

Тоа е прво американско ласнирање ракета од американска територија со човечки екипаж по девет години пауза. Шатл-програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога Агенцијата во вселената го прати својот последен вселенски брод „Атлантис“. кб/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close