Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лондон се подготвува в петок да одбележи напуштање на ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон ги откри плановите за прославата за излегувањето на Велика Британија од Европската унија в петок, 31 јануари, кога ќе биде пуштена во оптек нова монета од 50 пени.

Лондон, 26 јануари 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон ги откри плановите за прославата за излегувањето на Велика Британија од Европската унија в петок, 31 јануари, кога ќе биде пуштена во оптек нова монета од 50 пени.

За да го одбележи датумот, Џонсон ќе се обрати на нацијата, а Даунинг стрит ќе биде посебно осветлена.

Тоа треба да ја симболизира силата и единството на четири нации во Велика Британија, објави „Ивинг Стандард“.

Знамињата во Велика Британија ќе бидат на Плоштадот парламент, додека владините згради на Вајтхол ќе бидат осветлени во црвена, бела и сина боја во текот на целата вечер.

Часовник што ќе го одбројува време ќе биде поставен на Даунинг стрит, додека Биг Бен нема да ѕвони, како што сакаа многу поддржувачи на брегзит.

За да го одбележат тој датум, ќе биде пуштена во оптек нова монета од 50 пени.

Џонсон рече дека петок, 31 јануари, е значаен момент во историјата на Велика Британија.зш/

Back to top button
Close
Close