Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лондон ги објави новите тарифи кои ќе важат по Брегзит

Велика Британија денеска објави нов тарифен режим што ќе ги замени тарифите на Европската унија по Брегзит, задржувајќи царина од 10 отстоза увоз на автомобили и даноци на земјоделски производи како јагнешко и говедско месо и живина.

Лондон, 19 мај 2020 (МИА) – Велика Британија денеска објави нов тарифен режим што ќе ги замени тарифите на Европската унија по Брегзит, задржувајќи царина од 10 отстоза увоз на автомобили и даноци на земјоделски производи како јагнешко и говедско месо и живина.

Владата во Лондон соопшти дека новиот режим, наречен Глобална тарифа на Велика Британија (УКГТ), ќе биде поедноставен и поевтин од Заедничката надворешна тарифа на ЕУ.

Велика Британија ја напушти ЕУ на крајот на јануари оваа година, но ќе продолжи да ја спроведува тарифната програма на ЕУ за време на транзицискиот период, што треба да заврши на 31 декември 2020 година.

Новиот британски тарифен режим ќе биде во националната валута, фунтата и ќе се применува од 1 јануари 2021 година. Тоа ќе биде основа за преговори за договори за слободна трговија со ЕУ, САД и други земји.

Што се однесува до најважните измени, новиот британски режим ги заокружува тарифите до стандардизирани проценти, ослободувајќи се од сите тарифи под 2,0 проценти.

Новата тарифа ќе обезбеди 60 отсто од трговијата на Велика Британија да се одвива преку бесцарински режим под услови на Светската трговска организација или преку постојниот систем на трговски преференци.

Британската влада соопшти дека ќе ги задржи тарифите на земјоделските производи како јагнешко месо, говедско месо и живина, тарифа од 10 проценти за автомобили, тарифи за голем број керамички производи и дел од тарифите за поддршка на увозот од најсиромашните земји во светот со преференцијален пристап до пазарот на Велика Британија. ссм/

Back to top button
Close
Close