СветСвет.Портал

Лондон апелира за деескалација на тензиите во Ирак

Велика Британија денеска по атентатот на командантот на елитна единица на Иранската национална гарда, Касим Сулејмани, ги повика сите страни во Ирак да придонесат за деескалација на тензиите во регионот

Лондон, 3 јануари 2020 (МИА) – Велика Британија денеска по атентатот на командантот на елитна единица на Иранската национална гарда, Касим Сулејмани, ги повика сите страни во Ирак да придонесат за деескалација на тензиите во регионот.

– Отсекогаш сме сметале дека иранските единици на генералот Касим Сулејмани се агресивна закана. По неговата смрт, ги повикуваме сите страни на деескалација, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Велика Британија исто така ја зголеми безбедноста во своите воени бази на Блискиот Исток, објави „Скај њуз“, без да цитира извори.

Лондон има околу 400 војници во Ирак, претежно во базата Таџи северно од Багдад. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close