Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Лончар: Не е можно Србија да се изолира од коронавирусот, работиме се што е можно

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска изјави дека Србија ги презела сите мерки за да го спречи пристигнувањето на новиот коронавирус, но дека нема да биде алармантна ситуација доколку се појави таков пациент.

Белград, 30 јануари 2020 (МИА) – Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска изјави дека Србија ги презела сите мерки за да го спречи пристигнувањето на новиот коронавирус, но дека нема да биде алармантна ситуација доколку се појави таков пациент.

Како што јави допсниот на МИА од Белград, Лончар ја истакна важноста да се одговори како што треба, додавајќи дека состојбата се следи на дневна основа, се разменуваат информации со СЗО, со колегите во регионот, како и ширум светот, и дека лицата кои доаѓаат од Кина се под назор и им се дадени препораки за тоа како да се однесуваат.

-Ги презедовме сите мерки за да го спречиме ова, но не е можно да се изолира Србија во 21 век од сè. Не е алармантно ако некој пациент се појави и во Србија, важно е тој да постапи како што треба, кажа Лончар за ТВ Прва.

Тој ги повика граѓаните да не слушаат разни гласини, туку да ги следат официјалните информации.

Како што посочи, проценките на Кина и на СЗО се дека ситуацијата со новиот коронавирус е „под одредена контрола“.

-Ова не значи, дека вирусот ќе запре денес, дека тој веќе нема да се шири, туку дека нема да се шири масовно, што може да доведе до многу поголеми последици, нагласи Лончар.

Тој оцени дека поради тоа што станува збор за нов вирус, сите клинички и епидемиолошки карактеристики на болеста се уште се нејасни и да уште се работи на утврдувањето на некои параметри. об/сд/

Back to top button
Close
Close