БалканБалкан.Портал

Лончар: Да и се дозволи на Брзата помош да ја работи својата работа

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар реагираше на информациите дека екипа на Брзата помош била запрена во извршување на својата работа, за време на протестот пред српското Собрание.

Белград, 7 јули 2020 (МИА) – Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар реагираше на информациите дека екипа на Брзата помош била запрена во извршување на својата работа, за време на протестот пред српското Собрание.

Тој побара итна реакција од надлежните државни органи со цел да им се овозможи на сите здравствени работници непречено да ја извршуваат својата работа.

– Барам итна реакција од сите надлежни државни органи да ги санкционираат сите оние кои неовластено ги кршат основните човекови права и само од причини што ним им се познати, не дозволуваат Брза помош да превезува пациенти низ улиците на Белград, истакна Лончар во писмена изјава. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close