Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Локалното население од грчките острови со блокади ќе ја спречува изградбата на затворените центри

Локалното население на Самос, Лезбос и Хиос, со поддршка од локалните власти се мобилизира и најавува блокади за да не започне изградбата на затворените центри за бегалци и мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 24 февруари 2020 (МИА) – Локалното население на Самос, Лезбос и Хиос, со поддршка од локалните власти се мобилизира и најавува блокади за да не започне изградбата на затворените центри за бегалци и мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на викендот започнаа активностите,а целта е да не им дозволат на булдожерите и камионите да започнат со работа. На Лезбос и Хиос, локалното население синоќа одржа мирни протести.

Две општини од островот Самос, преку соопштение го изразуваат нивното несогласување за изградбата на центрите, а на вонредните општински совети закажани за среда, ќе предложат блокада на изградбата.

На островот Хиос вчера се одржа мирен протест, а според локалните медиуми, од саботата веќе се формирани т.н. дефанзивни групи кои ќе имаат задача 24 часа да ја следат ситуацијата и доколку забележат булдожери или камиони да ги известат граѓаните за да се направи блокада.

И на Лезбос вчера жителите мирно протестираа, а Федерацијата на земјоделски здруженија од островот, ги повикува земјоделците „да бидат подготвени на секаков начин да спречат“ почеток на изградбата.

Префектот на северниот дел од Егејското море, Костас Муѕурис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја обвини владата дека „врши булинг врз 200 000 жители од островите“.

Владата пак, е решена да продолжи со активностите и да започне изградбата на новите затворени центри. Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас, вчера, говорејќи за телевизијата „Скај“, го повика локалното население да не ја спречи изградбата.

-Во интерес на луѓето од островите и за целата земја е да се изградат затворените центри. Ова е јасно. Ако не се направат затворените центри, како што бараат луѓето, ќе останат отворените центри. Тие велат „затворете ги отворените“. Да претпоставиме дека ќе се затвораат отворените и нема да се изградат затворените. Каде ќе одат (бегалците и мигрантите)? Дома кај господинот Муѕурис? Не е толку едноставно. Се чини дека луѓето не веруваат дека ќе ги изградиме затворените и ќе ги затвориме отворените центри, рече Пецас. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close