Дописници МКДМКДОпштински вести

Локализиран шумскиот пожар кај Лешани во Општина Дебрца

Шумски пожар попладнево зафати нискостеблеста шума во атарот над селото Лешани во Општина Дебрца.

Охрид, 5 август 2021 (МИА) – Шумски пожар попладнево зафати нискостеблеста шума во атарот над селото Лешани во Општина Дебрца.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, преку својот фејсбук-профил соопшти дека благодарение на навремена интервенција на месното население, Територијалната противпожарна единица од Охрид и на Шумското стопанство „Галичица“ пожарот е локализиран.

Тој преку социјалните мрежи упати апел до населението на крајна внимателност. аб/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close