Дописници МКДОпштество

Локализиран пожарот над делчевското село Габрово

Локализиран е пожарот што попладнето го зафати атарот над делчевското село Габрово. Од делчевската територијална противпожарна единица информираа дека нивни екипи ќе останат во близина на местото викано „Штабот" кое е најмногу зафатено од пожарот.

Делчево, 15 септември 2021 (МИА) – Локализиран е  пожарот што попладнето  го зафати атарот над делчевското село Габрово. Од делчевската територијална противпожарна единица информираа дека нивни екипи ќе останат во близина на местото викано „Штабот” кое е најмногу зафатено од пожарот.

– Огнот кај споменатата локација „тлееше” на неколку места поради што повеќе од потребно е дежурство на наши екипи и во ноќните часови. Во пожарот причинета е материјална штета, а притоа едно лице е повредено, информираат од ТППЕ Делчево.

Според информациите од Итната медицинска служба, повреденото лице е во добра состојба без посериозни повреди и изгореници.
Ова е прв пожар по серијата пожари кои минатиот месец го зафатија делчевскиот регион и причинија штети од несогледливи размери. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close