Дописници МКДОпштински вести

Локализиран пожарот кај месноста „Петлец“ во беровско Русиново

Локализиран пожарот кој вчера поладне избувна на месноста „Петлец“ над беровското село Русиново. Од Територијалната противпожарна единица информираа дека во пожарот била зафатена дабова и букова шума.

Берово, 17 април 2021 (МИА) – Локализиран пожарот кој вчера поладне избувна на месноста „Петлец“ над беровското село Русиново. Од Територијалната противпожарна единица информираа дека во пожарот била зафатена дабова и букова шума.

– Во пожарот изгоре и значителна површина со папрат. Во гаснењето на пожарот покрај наши екипи и екипи на Шумско стопанство, учествуваше и локалното население, а ни помогна и дождот. При гаснењето на пожарот спасен е помал дел букова шума, информираа од ТППЕ Берово.

Среќна околност во целата ситуација, како што додаваат, е што не биле зафатени блиските колиби на мештаните, а не е забележана ни штета кај пчелните семејства во близина.

Според пожарникарите како главна причина за пожарот се наведува човечки фактор. Целокупната штета од пожарот како што е најавено допрва ќе се утврдува. вс/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close