СветСвет.Портал

ЛНА: Нема да дозволиме ОН да го користат аеродромот во Триполи

Силите познати како Либиска национална армија (ЛНА) нема да дозволат Обединетите нации да го користат единствениот функционален аеродром во главниот град Триполи, изјави портпаролот на групата која се обидува да преземе контрола во градот што го држи меѓународно признатата Влада.

Бенгази, 13 февруари 2020 (МИА) – Силите познати како Либиска национална армија (ЛНА) нема да дозволат Обединетите нации да го користат единствениот функционален аеродром во главниот град Триполи, изјави портпаролот на групата која се обидува да преземе контрола во градот што го држи меѓународно признатата Влада.

Портпаролот на ЛНА, Ахмед Мисмари, пред новинарите во Бенгази изјави дека Обединетите нации ќе мора да користат други аеродроми како оној во Мизрат, бидејќи не можат да ја гарантираат безбедноста на летовите на аеродромот во Триполи кој Турција го користи како база.

Обединетите нации претходно предупредија дека ограничувањата на летовите од страна на командантот на армија (ЛНА), Калифа Хафтар ги попречуваат хуманитарните и посредничките напори во земјата која од 2014 година е во конфликт.

ЛНА од април минатата година се обидува да ја преземе контролата врз Триполи, но не успеа да ја разбие одбраната на градот. Сепак, има контрола на воздушниот простор благодарение на дроновите на Обединетите Арапски Емирати кои преку сателит ја покриваат цела Либија.

Мисијата на ОН во Либија соопшти дека ЛНА во изминатите три недели неколку пати блокирала доаѓање на авиони на ОН кои пренесувале персонал на организацијата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close