0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Лизгалиштето во Тетово останува недостапно за користење

Тетовци најверојатно нема да имаат можност да го користат монтажното лизгалиште на градскиот плоштад кое беше оштетено пред да се пушти во употреба.

Тетово, 14 февруари 2020 (МИА) -Тетовци најверојатно нема да имаат можност да го користат монтажното лизгалиште на градскиот плоштад кое беше оштетено пред да се пушти во употреба. Иако директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во неделата најави дека со општината разговарале за санација и пуштање во употреба на лизгалиштето, градоначалничката Теута Арифи со спротивни ставови. Таа рече дека ќе се санира, но поради временските услови тоа ќе остане за наредната година.

-Нормално дека ќе се санира, но како што е времето не мислам дека ќе може истото да се користи. Нормално многу ми е жал за фактот што добрите работи им пречат на луѓето. Треба да се навиканат понекогаш и на убави работи, може да се случат и убави нешта. Така ние ќе го санираме, па идната зима можеби ќе имаме повеќе среќа да биде користено, рече Арифи.

На крајот од декември почна да се поставува монтажното лизгалиште, а на новогодишната ноќ беше изгорена дел од алуминиумска ограда. Поставувањето на монтажни спортски лизгалишта е проект кој го спроведува Агенцијата за млади и спорт. Тетово е еден од седумте градови предвидени за поставување, односно монтирање на лизгалиште со вкупна вредност од 14 милиони денари. ас/вг/

Back to top button
Close
Close