0_Спорт.ПорталФудбал

Ливерпул повтори достигнување на Арсенал старо 18 години

Екипата на Ливерпул успеа да постигне гол на сите 22 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Последен пат ова го стори Арсенал пред 18 години.

Ливерпул, 19 јануари 2020 (МИА) – Екипата на Ливерпул успеа да постигне гол на сите 22 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Последен пат ова го стори Арсенал пред 18 години.

На вечерашното дерби со Манчестер јунајтед, Ливерпул поведе преку Вирџил ван Дајк во 14. минута.

Пред Ливерпул, на Арсенал во сезоната 2001/2002 му успеа да ја затресе мрежата на 22 последователни средби. Тогаш лондончаните постигнаа гол на сите 38 првенствени натпревари и на крајот ја освоија титулата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close