0_Спорт.ПорталФудбал

Ливерпул има 10 бода на 11 натпревари во Премиер лигата во 2021 година, само три екипи се со полош ефект

Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул синоќа загуби на домашен терен од Челзи (0:1) во 29. коло од Премиер лигата. Избраниците на тренерот Јирген Клоп имаат освоено само 10 поени на 11 натпревари во Премиер лигата во календарската 2021 година. Билансот на тимот е три победи, еден нерешен исход и седум порази.

Ливерпул, 5 март 2021 (МИА) – Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул синоќа загуби на домашен терен од Челзи (0:1) во 29. коло од Премиер лигата. Избраниците на тренерот Јирген Клоп имаат освоено само 10 поени на 11 натпревари во Премиер лигата во календарската 2021 година. Билансот на тимот е три победи, еден нерешен исход и седум порази.

Само три клуба во најсилното англиско фудбалско натпреварување имаат послаб ефект во овој сегмент од првенството. Тоа се: Вест Бромвич (девет бода), Њукасл (седум) и Саутемптон (четири).

Со 43 бода од 27 натпревари, Ливерпул е седми на табелата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close