0_Спорт.ПорталФудбал

Ливерпул и Лајпциг и реваншот во ЛШ ќе го играат во Будимпешта

Европската фудбалска федерација УЕФА објави дека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите Ливерпул - Лајпциг ќе се одржи на „Арена Пушкаш во Будимпешта.

Будимпешта, 4 март 2021 (МИА) – Европската фудбалска федерација УЕФА објави дека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите Ливерпул – Лајпциг ќе се одржи на „Арена Пушкаш во Будимпешта.

Натпреварот е закажан за 10 март.

На истиот стадион, екипите го одиграа првиот натпревар во кој Ливерпул победи со 2:0.

За потсетување, германските власти одбија да му дозволат влез на англискиот клуб во земјата поради ограничувања предизвикани од коронавирусот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close