0_Спорт.ПорталФудбал

Ливерпул ќе го „позлати“ Ван Дајк

Холандскиот дефанзивец има договор за уште три години, но Ливерпул сака неговиот договор да биде продолжен што е можно поскоро.

Ливерпул, 28 февруари 2020 (МИА) – Англискиот клуб Ливерпул има намера да ја „позлати“ својата голема sвезда Вирџил ван Дајк со нов договор.

Холандскиот дефанзивец има договор за уште три години, но Ливерпул сака неговиот договор да биде продолжен што е можно поскоро.

Откако тимот официјално го објави својот финансиски биланс на крајот на мај, лидерот во Премиер лигата ќе ги започне преговорите со Ван Дајк за нов договор. По нив, се очекува репрезентативецот на Холандија да стане најскапиот фудбалер на „Енфилд“, откако сега е Мохамед Салах.

Дваесет и осум годишниот фудбалер, исто така, се очекува да добие уште две години кон преостанатите три, што значи дека ќе игра за Ливерпул до 33-годишна возраст.

Таг
Back to top button
Close
Close