0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ливерпул без удар во рамките на голот втор пат по доаѓањето на Клоп

Ливерпул загуби од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите (0:1). На овој меч „црвените“ ниту еднаш не упатија удар во рамките на голот на противникот. Ова се случи само втор пат откако на тренерското место дојде Јирген Клоп.

Мадрид, 19 февруари 2020 (МИА) – Ливерпул загуби од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите (0:1). На овој меч „црвените“ ниту еднаш не упатија удар во рамките на голот на противникот. Ова се случи само втор пат откако на тренерското место дојде Јирген Клоп.

Првиот пат вакво нешто се случи на натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите во 2018 година (0:1).

Ливерпул на успеа да го совлада противничкиот гол трет пат во тековната сезона. Претходно, на гостувањето во групната фаза во Лигата на шампионите со Наполи загуби со 0:2 и во натпреварот од Лига Купот со Астон Вила (0:5), но на овој дуел играше екипата до 23 години. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close