0_Спорт.ПорталФудбал

Ливерпул без пораз на 42 натпревари во Премиер лигата, до рекордот на Арсенал го делат седум

Ливерпул го победи Саутемптон со 4:0 во денешниот меч од 25. коло во Премиер лигата. Екипата на тренерот Јирген Клоп ја продолжи серијата без пораз која трае веќе 42 натпревара.

Ливерпул, 1 февруари 2020 (МИА) – Ливерпул го победи Саутемптон со 4:0 во денешниот меч од 25. коло во Премиер лигата. Екипата на тренерот Јирген Клоп ја продолжи серијата без пораз која трае веќе 42 натпревара.

Во однос на овој индикатор, Ливерпул се израмни со Нотингем Форест, чија серија без пораз во 1977-1978 година изнесуваше исто така 42 средби.

Рекордер по брпојот на одиграни натпревари без да згуби во Англиското фудбалско првенство е Арсенал кој во периодот 2003-2004 година немаше пораз на 49 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close