0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Лишен од слобода битолчанец кој се наоѓа на „стоп листа“ со мерка „апси“

Битолчанец кој се наоѓа на „стоп листа“ со мерка „апси“ вчера бил лишен од слобода на граничниот премин „Меѓународен Аеродром“.

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Битолчанец кој се наоѓа на „стоп листа“ со мерка „апси“ вчера бил лишен од слобода на граничниот премин „Меѓународен Аеродром“.

Од МВР соопштија дека вчера во 7:50 часот на граничен премин „Меѓународен Аеродром“ Скопје бил лишен од слобода С.В (40) од Битола, бидејќи по извршена проверка било констатирано дека евидира во „стоп листа“ со мерка „апси“ издадена од СВР Битола.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за спроведување до Казнено поправен дом „Идризово“. мс/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close