0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Линдвик победник на ски-скоковите во Инсбрук

Норвежанецот Мариус Линдвик е победник на денешните скокови од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Тој попладнево во австриски Инсбрук со скокови од 133 во првата и 120,5 метри во втората серија собра најмногу бодови – 253.3, доволно за првата позиција.

Инбрук, 4 јануари 2020 (МИА) – Норвежанецот Мариус Линдвик е победник на денешните скокови од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Тој попладнево во австриски Инсбрук со скокови од 133 во првата и 120.5 метри во втората серија собра најмногу бодови – 253.3, доволно за првата позиција.

На победничкиот подиум се искачија и Давид Кубацки од Полска (133 и 120.5 метри вкупно 252 бода) и Даниел-Андре Танде од Норвешка (126 и 131 метар за вкупно 249.3 бода).

Линдвик победи и во Гармиш-Партенкирхен и врза две победи по што стана прв фаворит за трофејот на „Четири скокалници“.

Новогодишната турнеја завршува в понеделник (6 јануари) со скоковите во Бишофсхофен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close