Дописници МКДОпштински вести

Лиманоски: Приоритет е расчистување на патот од конторолниот полициски пункт кај Бошков Мост до пунктот кај Хидроелектраната „Глобочица“

Снегот кој почна да врне уште во вечерните часови, а продолжува и понатаму, во дебарскиот регион предизвика проблеми во одвивањето на патниот сообраќај, а повеќе населени места се отсечени.

Дебар, 1 април 2020 (МИА) – Снегот кој почна да врне уште во вечерните часови, а продолжува и понатаму, во дебарскиот регион предизвика проблеми во одвивањето на патниот сообраќај, а повеќе населени места се отсечени.

Дебелината на снежната покривка во пониските населени места изнесува 40 саниметри, додека на повисоките над половина метар.

– Наш приоритет е расчистување на патот од конторолниот полициски пункт кај Бошков Мост до пунктот кај Хидроелектраната „Глобочица“. Поради интензивните врнежи од снег кои и понатаму се присутни, нашите екипи се постојано на терен, со цел возилата кои транспортираат прехрамбени артикли и лекови да може непречено да минуваат, изјави Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат“.

Додава дека на делницата Мелнички Мост – Дебар, кај селото Рајчица со помош на механизацијата на комопанијата „Кнауф“ успеале да извлечат неколку товарни возила, кои биле заглавени поради снегот.

Според него поради приоритетот, се уште не се во можност да интервенираат на други патни правци кои се од регионален карактер.

Патниот правец Мелнички Мост – Центар Жупа, е пробиен со ангажирање на локалната власт на оваа општина.

Локалните власти во трите општини од овој регион, Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше се ангажирани во пробивање на патните правци кон населените места. вт/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close