БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Лимај потпиша договор за коалиција со Демократскиот сојуз на Косово

Лидерот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај објави дека денеска потпишал договор со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа за коалицирање во новата влада на Косово, која треба да ја формира потпретседателот на ЛДК Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 30 април 2020 (МИА) – Лидерот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај објави дека денеска потпишал договор со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа за коалицирање во новата влада на Косово, која треба да ја формира потпретседателот на ЛДК Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по средбата со Мустафа и Хоти, Лимај рече дека неговата партија во новата влада ќе има заменик-премиер и двајца министри – за трговија и индустрија и за труд и социјална благосостојба.

Приоритет на идната влада, според Лимај, ќе биде борбата против пандемијата на Ковид-19 и изготвување пакет фискални мерки.

ЛДК го доби мандатот од претседателот на државата Хашим Тачи да формира нова влада, откако на онаа предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), сегашниот вршител на должноста премиер Албин Курти на 25 март Собранието ѝ изгласа недоверба.

Мандатарот Хоти тврди дека ќе ја формира владата заедно со Нисма, со Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај, со која вчера беше потпишан договор за коалиција, со Српската листа (СЛ) и со партиите на другите немнозински етнички заедници, за што вели дека го обезбедил потребното мнозинство во актуелниот собраниски состав.

ВВ се противи на формирањето нова влада и тврди дека единствено уставно решение во ваква ситуација се вонредните парламентарни избори, кои би се одржале веднаш по надминувањето на кризата предизвикана од епидемијата на новиот коронавирус. иа/

Таг
Back to top button
Close
Close