0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Лилард стана четвртиот играч во историјата на НБА со 16.000 поени и 4.000 асистенции за девет сезони

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата со 16.000 поени и 4.000 асистенции во неговите први девет сезони.

Портланд, 17 март 2021 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата со 16.000 поени и 4.000 асистенции во неговите први девет сезони.

Лилард им се придружи на Оскар Робертсон, Лери Бирд и Леброн Џејмс.

Од влегувањето во лигата во 2012 година, Лилард никогаш немал просек од помалку од 19 поени и 5,5 асистенции по натпревар во една сезона.

На денешниот натпревар против Њу Орлеанс (125:124). Лилард постигна 50 поени и реализираше победнички поени на 1,2 секунди пред крајот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close