0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Лилард со 50 поени го предводеше Портланд до триумф над Индијана

Демијан Лилард со 50 поени и 13 асистенции е најзаслужниот за триумфот на Портланд над Индијана на еден од шесте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата кои поминаа во сенка на смртта на Коби Брајант.

Портланд, 27 јануари 2020 (МИА) – Демијан Лилард со 50 поени и 13 асистенции е најзаслужниот за триумфот на Портланд над Индијана на еден од шесте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата кои поминаа во сенка на смртта на Коби Брајант.

Постигнати резултати:
Атланта – Вашингтон 152:133
Мемфис – Феникс 114:109
Њу Орлеанс – Бостон 123:108
Њујорк – Бруклин 110:97
Орландо – Лос Анџелес клиперс 97:112
Портланд – Индијана 139:129.

Во поредокот на Источната конференција прв е ЛА лејкерс со 36 победи и 10 порази, додека на Запад Милвоки има најдобар биланс со 40 победи и шест загубени натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close