0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Лилард се закани на Л.А. Лејкерс

Во интервју за „Венити фер“, плејмејкерот на „блејзерси“ елоквентно одговори на прашањето дали сака да се сретне со „езерата“ во потенцијална битка меѓу првиот и осмиот во плеј-офот на Западната конференција.

Лос Анџелес, 13 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на Портланд, Демијан Лилард е уверен дека неговиот тим може да ги победи Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Во интервју за „Венити фер“, плејмејкерот на „блејзерси“ елоквентно одговори на прашањето дали сака да се сретне со „езерата“ во потенцијална битка меѓу првиот и осмиот во плеј-офот на Западната конференција.

– Секако. Мислам дека можеме да ги победиме, рече Лилард.

Пред тоа да се случи, сепак, Блејзерс ќе треба да се изборат за 8-то место во конкуренција на уште 5 екипи.

Во моментов, Портланд е на деветтото место со биланс од 29-37, но има 3,5 победи зад осмиот Мемфис.

Во жестокиот спор се и Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антонио и Феникс.

Таг
Back to top button
Close
Close