0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Лилард: Кога е здрав, Дурант е најдобар играч во НБА

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард го прогласи Кевин Дурант за најдобар играч во современата НБА-лига.

Портланд, 6 мај 2021 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард го прогласи Кевин Дурант за најдобар играч во современата НБА-лига.

– Здравиот Дурант и Леброн се на слично ниво. Кога нема повреди, Дурант е најдобриот играч во НБА. Никој не може да го чува. Има извонреден шут за три поени, дриблинг, контри, во пост. За само неколку секунди може да организира напад, не можете да го блокирате неговиот удар, изјави Лилард.

Дурант е член на Бруклин, а претходно играше за Голден Стејт, Сиетл и Оклахома.

Во тековната сезона тој се соочуваше со повреди, но клубот од Њујорк очекува во завршницата да биде еден од адути за остварување на амбицијата – освојување на шампионскиот трофеј. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close