0_Спорт.ПорталКошарка

Лилард ќе игра на третиот натпревар против Лејкерс

Тренерот на Портланд, Тери Сотс потврди дека нивниот најдобар кошаркар, Демијан Лилард ќе може да игра на трет натпревар во плеј-офот со Лејкерс.

Орландо, 21 август 2020 (МИА) – Тренерот на Портланд, Тери Сотс потврди дека нивниот најдобар кошаркар, Демијан Лилард ќе може да игра на трет натпревар во плеј-офот со Лејкерс.

Лилард го напушти теренот во третата четвртина од вториот меч во серија (88:111) со повреда на левиот показалец.

По медицинскиот преглед и извршената снимка, не е дијагностицирана фрактура на прстот, по што Лилард доби дозвола за настап од клупските лекари.

Третиот натпревар од серијата на Лејкерс и Портланд е закажан за 23 август. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close