Дописници МКДКултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Лилјана Пандева лауреат на наградата „Григор Прличев” за најдобра поема за 2020 година

Поетесата Лилјана Пандева е автор на поемата „Капетаните“, избрана како најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2020 година што секоја година се доделува во чест на познатиот охридски поет и преродбеник.

Охрид, 4 јануари 2021 (МИА) – Поетесата Лилјана Пандева е автор на поемата „Капетаните“, избрана како најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2020 година што секоја година се доделува во чест на познатиот охридски поет и преродбеник.

Наградата ќе ѝ биде врачена на манифестацијата „Прличеви беседи” што секоја година се одржува на почетокот на февруари, кога се одбележува годишнината од смртта на големиот поет, кој почина на 4 февруари 1893 година.

Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“.

„Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и Библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во струмичко Ново Село. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенска книжевност и литература. Доктор е по филолошки науки.

Автор е на повеќе дела, меѓу кои „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцеларсики колумни“, „Класифицирано“, романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, „Два Божика“, како и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика.Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици. аб/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close