Дописници МКДОпштински вести

Ликовна изложба во семејна винарија во Кавадарци

Во Кавадарци за првпат се одржа ликовна изложба во семејна винарија. Во малата винарница на семејството Јаковлевски, своите дела ги изложија ликовните уметници Горан Боев и Лазар Дојчинов. Јулијана Милкова, која слика на стакло, исто така се претстави со неколку свои изработки.

Кавадарци, 8 септември 2020 (МИА) – Во Кавадарци за првпат се одржа ликовна изложба во семејна винарија. Во малата винарница на семејството Јаковлевски, своите дела ги изложија ликовните уметници Горан Боев и Лазар Дојчинов. Јулијана Милкова, која слика на стакло, исто така се претстави со неколку свои изработки.

Домаќинот Горан Јаковлевски, претседател на Здружението „Тиквешки семејни винарии”, посака сите да уживаат во уметноста и виното, чие создавање исто така претставува еден вид на уметност.

Ликовниот уметник Горан Боев рече дека учествува со неколку уметнички дела, кои според композицијата и тоналитетот на бојата, се совпаѓаат со Тиквешкиот гроздобер во овој период од годината.

Лазар Дојчинов кој слика теми од Тиквешкото поднебје, грозје  и правење на вино и ракија, ја поздрави идејата на Јаковлевски, која носи нешто ново во кавадаречката култура и пошироко.

Присутните се согласија дека станува збор за одличен спој на доброто вино и уметноста и посакаа тоа да стане традиција и редовно да има вакви изложби низ семејните винарии. свд/рп/

Back to top button
Close
Close