0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Лигата и кошаркарите се договорија за рестартирање на сезоната

Двете страни го разгледаа колективниот договор и ги направија потребните прилагодувања за да може кампањата да продолжи на 30 јули во Орландо, Флорида, со учество на 22 екипи. Трансфер прозорецот ќе биде отворен од денес за сите 30 клуба.

Барселона, 23 јуни 2020 (МИА) – Управата на Националната кошаркарска асоцијација и Унијата на играчи го одобри планот за рестартирање на сезоната 2019/2020, што беше суспендирана на 12 март заради пандемијата од коронавирус.

Двете страни го разгледаа колективниот договор и ги направија потребните прилагодувања за да може кампањата да продолжи на 30 јули во Орландо, Флорида, со учество на 22 екипи. Трансфер прозорецот ќе биде отворен од денес за сите 30 клуба.

НБА, исто така, издаде протокол на 113 страници, во кој се вклучени здравствени и други процедури што мора да ги следат тимовите во Флорида. Клубовите кои продолжуваат да учествуваат во кампањата, се очекува да пристигнат во државата за тренинзи во втората недела од јули.

Раководството на лигата и Сојузот на играчи исто така се согласија за дополнително осигурување за кошаркарите кои ќе бидат принудени да ги прекинат своите кариери заради коронавирус или повреда до крајот на сезоната.

Таг
Back to top button
Close
Close