0_Македонија.ПорталОпштество

Лифтовите потенцијални жаришта на Ковид-19, предупредуваат експертите, да се инсталираат таканаречени УВ-системи за прочистување на воздухот

Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на коронавирусот.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на коронавирусот.

– Германската компанија МИКРОДЕЛ соочувајќи се со коронавирусот, го повика својот тим експерти да создадат иновативен и револуционерен концепт за чисти и безбедни лифтови. УВ-гермицидал е систем конципиран со софистицирана технологија, ефективно елиминира 99 проценти од бактериите и вирусите во воздухот во лифтот, со што го прави целосно чист и безбеден. Тој е креиран да ги блокира предизвикувачите на заразни болести кои ги има во воздухот, на принцип на тотална стерилизација, и е прочистувач на загаден воздух, појаснуваат од компанијата.

Експертите, исто така советуваат дека не е доволно само дезинфицирање на лифтовите на класичен начин еднаш дневно, потребни се интелигентни решенија кои ќе бидат активни нонстоп. Според нив, токму лифтовите во работните простории, болниците итн., што се пофреквентни и од оние дома се постојан извор на зараза и пред појавата на Ковид-19.

Во државава овој софистициран систем за заштита од коронавирусот веќе го имплементира компанијата за лифтови „Дака“.

– Потребна е високософистицирана технологија со високи перформанси на молекуларно ниво со препарати и технологија одобрени од Светска здравствена организација. Државните и приватните институции, станбени и деловни објекти, како и сите останати објекти кои имаат лифтови и проток на луѓе, потребно е да вградат постојана заштита од бактерии и вируси, пред се во моментот, заштита од коронавирусот, а тоа ќе го сторат кога во своите лифтови ќе инсталираат таканаречени УВ-системи кои ќе препознаваат, стерилизираат и прочистуваат загаден воздух, појаснува прим. д-р Данчо Балаловски.

Во земјава бројките на заразени од коронавирусот се високи, така што граѓаните треба да бидат заштитени и додека се возат во лифтовите, почитувајќи ги безбедносните мерки од надлежните. рп/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close