0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Лидерот на Партијата за движење на Турците се сретна во Анкара со претседателот на Народното собрание

Скопје, 24 јануари 2020

Скопје, 24 јануари 2020

Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), пратеникот Енес Ибрахим во Анкара одржа работна средба со Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.

На средбата Ибрахим изрази благодарност за силната поддршка на Република Турција и за солидарноста со Северна Македонија за интеграцијата во НАТО, со што се потврдуваат традиционално пријателските односи меѓу двете земји. И двете страни нагласија дека одличната соработка на двете земји треба да се интензивира во сите области, вклучувајќи ја економската, културната и образованата сфера.

Ибрахим исто така упати честитки за 100 годишнината од основањето на Големото народно собрание на Република Турција. 

Партија за Движење на Турците во Македонија

Back to top button
Close
Close