СветСвет.Портал

Либија најави драстично намалување на производството на нафта

Либиската национална нафтена корпорација (НОЦ) денеска соопшти дека за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно доколку продолжи воената блокада на нафтената инфраструктура во Либија

Триполи, 20 јануари 2020 (МИА) – Либиската национална нафтена корпорација (НОЦ) денеска соопшти дека за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно доколку продолжи воената блокада на нафтената инфраструктура во Либија.

Генерал Калифа Хафтар пред неколку дена повика на блокада на нафтените терминали во знак на протест поради интервенцијата на Турција, која ја признава меѓународно признаената Влада во Триполи.

Според НОЦ, пред да биде затворен нафтоводот и големите нафтени пристаништа во источниот дел на земјата изнесуваше 1,2 милиони барели.

Поради блокадата нафтените полиња во југозападниот дел на Либија ќе бидат принудени да го стопираат производството.

Намаленото производство на нафта во Либија ќе доведе до зголемување на цената на нафтата. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close