Svet.SlajderСветСвет.Портал

Либанскиот министер за надворешни работи Хити поднесе оставка

Шефот на либанската дипломатија Насиф Хити денеска поднесе оставка предупредувајќи оти Владата не успеа да се справи со кризата и да ги спроведе реформите

Бејрут, 3 август 2020 (МИА) – Шефот на либанската дипломатија Насиф Хити денеска поднесе оставка предупредувајќи оти Владата не успеа да се справи со кризата и да ги спроведе реформите.

Оставката на Хити е удар за Владата на премиерот Хасан Диаб, кој се обидува да спроведе реформи насред растечката инфлација, невработеноста, сиромаштијата и пандемијата со новиот коронавирус.

Тој истакна дека Либан се претвора во „пропадната држава“ и упати апел до политичарите да се обединат за националниот интерес, бидејќи во спротивно „ќе потоне бродот“. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close