Политички партии

Левица: Во време на пандемија сопругот на Царовска добива тендер со скандалозни суми

Додека власта со катастрофално менаџирање на пандемијата државата ја воведува во должничко ропство, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ склучиле договор вo вредност oд еден милион денари или 16.250 евра за една година. Она што е највозбудливо во овие нови зделки на градот е тоа што сопственик и управител на оваа фирма е партнерот т.е. невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска, кој веќе сме го гледале вплеткан и во други слични епизоди на оваа крими сапунска серија на власта.

Back to top button
Close
Close