Политички партии

Левица: Поднесена жалба за отфрлената кривична пријава против пратениците кои гласаа во скафандери

Денес, правниот тим на Политичката партија Левица, до Вишото јавно обвинителство – Скопје, поднесе Жалба против Решението за отфрлање на кривичната пријава поднесена против претседателот на Собранието на РМ – Талат Џафери и против двајцата пратеници од владејачката коалиција: Бисера Костадинова Стојчевска и Мирослав Богдановски, кои спротивно на законот, дојдоа во законодавниот дом позитивни на коронавирусот. Жалбата е поднесена поради: суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба и повреда на Кривичниот законик.

Back to top button
Close
Close