Политички партии

Левица: Агитирањето на функционери од Косово е доказ дека пописот е фингиран и мора да биде прекинат

Откако вчера Албин Курти, ги повика Албанците од дијаспората, масовно да се попишуваат на пописот во Македонија, тоа денес го направи и вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи. Покрај ова, вчера Првиот вицепремир Артан Груби се пофали дека неговиот сопартиец, Бујар Османи, од позицијата министер за надворешни работи на Македонија, лобира за признавање на Косово од страна на Шпанија. Ова покажува дека албанските функционери работат координирано на остварување на албанските етно-националистички агенди, а Пописот во Македонија, заедно со Предлог законот за државјанства, ќе бидат само уште неколку од низата такви политички алатки, кои ќе се искористат во истата насока.

Back to top button
Close
Close