Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Левен: Информацијата дека ракета го соборила украинскиот авион е „многу сериозна“

Шведскиот премиер Стефан Левен изјави дека информацијата за можноста ракета да го соборила украинскиот авион во Иран е „многу сериозна“.

Стокхолм, 10 јануари 2020 (МИА) – Шведскиот премиер Стефан Левен изјави дека информацијата за можноста ракета да го соборила украинскиот авион во Иран е „многу сериозна“.

Во електронската порака до американските медиуми Левен наведува дека разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо и дека се согласиле дека таа информација укажува на неопходноста од итна, целосна и транспарентна истрага.

Канадскиот премиер Џастгин Трудо вчера изјави дека доказите укажуваат дека иранска ракета во вторникот вечерта го соборила украинскиот авион и дека тој напад „можеби бил ненамерен“.

Според Трудо, канадските и сојузничките разузнавачки служби се согласуваат со овие наводи.

Американски претставници наведоа дека е  „многу веројатно“ дека иранска противвоздушна ракета по грешка го соборила авионот, усмртувајќи ги сите 176 патници и членови на екипажот, меѓу кои и 10 шведски државјани. сд/

 

Back to top button
Close
Close