0_Спорт.ПорталФудбал

Левандовски по повредата се врати на тренинзите во Баерн

Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски закрепна од повредата. Денес Полјакот го помина најголемиот дел од тренинзите со тимот без ограничувања.

Минхен, 21 април 2021 (МИА) – Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски закрепна од повредата. Денес Полјакот го помина најголемиот дел од тренинзите со тимот без ограничувања.

Играчите од средниот ред Серж Гнабри и Корантин Толисо исто така постепено се враќаат на тренинзите. Денес тие ја имаа својата прва лесна сесија.

Триесет и двегодишниот Левандовски се здоби со повреда на коленото на мечот за Полска кон крајот на март. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close