0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Левандовски избран за бр.1 кај напаѓачите во Европа

Полјакот стана најдобар стрелец не само во Лигата на шампионите, туку и за цела Европа, пред стрелецот на Лацио, Чиро Имобиле. Неговите голови несомнено му помогнаа на Баерн на патот кон освојување на посакуваниот „требл“.

Женева, 1 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски беше прогласен за најдобар напаѓач за минатата сезона на доделувањето на наградите на УЕФА.

Полјакот стана најдобар стрелец не само во Лигата на шампионите, туку и за цела Европа, пред стрелецот на Лацио, Чиро Имобиле. Неговите голови несомнено му помогнаа на Баерн на патот кон освојување на посакуваниот „требл“.

Неговите настапи не можеа да ги занемарат неговите колеги, како и европските новинари кои му ја доделија наградата на Левандовски.

Таг
Back to top button
Close
Close