0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Левандовски: Имаме големи шанси за триумф во Лигата на шампионите

На 7/8 август Баерн и Челси ќе го одиграат реваншот од 1/8-финалето (3-0 за Германците во првиот натпревар), а последниот дел од турнирот, во кој победникот ќе биде одреден на еден натпревар, ќе се одржи во Лисабон помеѓу 12 и 23 август.

Минхен, 1 јули 2020 (МИА) – Роберт Левандовски смета дека Баерн (Минхен) има класа да го освои трофејот во Лигата на шампионите следниот месец. Сепак, Баварците се соочуваат со многу долга пауза до завршниот турнир во Лисабон – тие играат во финалето за Купот на Германија против Леверкузен во сабота, а потоа одат на двонеделна пауза.

– Гледам сериозна шанса да го освоиме трофејот оваа сезона. Ние сме во добра форма и работевме заедно. Врската помеѓу нас е многу силна. Секако, необично е да одмораме толку долго пред вакви важни натпревари, но ние сме навикнати да тренираме и знаеме како правилно да го направиме тоа. Ова се виде за време на паузата поради коронавирусот. Можеби ќе се загрееме за Лигата на шампионите со еден или два контролни натпревари. Не заборавајте дека имаме и средба со Челси, што може да биде плус за нас, рече полскиот напаѓач во интервју за „Билд“.

На 7/8 август Баерн и Челси ќе го одиграат реваншот од 1/8-финалето (3-0 за Германците во првиот натпревар), а последниот дел од турнирот, во кој победникот ќе биде одреден на еден натпревар, ќе се одржи во Лисабон помеѓу 12 и 23 август.

Таг
Back to top button
Close
Close