0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Левандовски ја игра најпродуктивната сезона во својата кариера

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, постави нов личен рекорд. Тој со денешниот погодокот против Баер во натпреварот од 30-то коло од Бундеслигата ја игра најефикасната сезона во неговата кариера.

Леверкузен, 6 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, постави нов личен рекорд. Тој со денешниот погодокот против Баер во натпреварот од 30-то коло од Бундеслигата ја игра најефикасната сезона во неговата кариера. Триесет и едногодишниот Полјак има 44 гола во сите натпреварувања.

Тој претходно постигна 43 гола во една сезона.

Левандовски има 30 голови (28 натпревари) во Бундеслигата, трет пат постигнува ваков резултат во досегашниот дел од сезоната. Претходно така беше во 2015/16 и 2016/17.

Левандовски е лидер и во најдобрите пет европски првенства. По него следуваат

Чиро Имобиле од Лацио (27 гола, 26 натпревари), Тимо Вернер (РБ Лајпциг, 25 голови, 30 натпревари), Кристијано Роналдо (Јувентус, 21 погодок, 22 натпревари), Џејми Варди (Лестер, 19 голови, 26 натпревари) и Лионел Меси (Барселона 19 гола, 22 натпревари). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close