0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Лестер и Астон Вила ремизираа во првиот полуфинален натпревар од англискиот Лига куп

Без победник со резултат 1:1 заврши првиот дуел од полуфиналната пресметка во англискиот Лига куп меѓу екипите на Лестер и Астон Вила.

Лечестер, 9 јануари 2020 (МИА) – Без победник со резултат 1:1 заврши првиот дуел од полуфиналната пресметка во англискиот Лига куп меѓу екипите на Лестер и Астон Вила.

Гостите од Бирминген поведоа преку Фредерик Гилбер во 28. минута, Лестер изедначи со голот на Келечи Ихеначо во 74. минута.

Реваншот е на теренот на Астон Вила.

Во друго полуфинале, Манчестер сити има предност од два разлика по победата над Манчестер јунајтед со 3:1. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close