0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Леонардо: Одлуката за договорот на Мбапе доаѓа наскоро, комуницираме и со Нејмар

Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо зборуваше за преговорите за продолжување на договорите со напаѓачите на тимот Килијан Мбапе и Нејмар.

Париз, 25 февруари 2021 (МИА) – Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо зборуваше за преговорите за продолжување на договорите со напаѓачите на тимот Килијан Мбапе и Нејмар.

– Бев изненаден од некои шпекулации за Килијан. Тој има свој пат. Секој пат, неговата позиција во тимот станува сè поважна. Тој веќе има одговорности, како и стабилност и јасен тек. Преговорите со него траат подолго време. Нашата позиција е јасна, ние знаеме што сакаме. Наскоро ќе дојде моментот кога ќе се донесе конечната одлука. Почетокот на комуникацијата се покажа како охрабрувачка, изјави Леонардо.

Тој е оптимист дека и со Нејмар ќе се продолжи соработката.

– Ние исто така комуницираме со него. На добар пат сме, но новиот договор сè уште не е потпишан. Задоволство е да се справам со него. Нашата цел е да постигнеме договор што е можно побрзо. Истото важи и за Анхел Ди Марија и Хуан Бернат. Ние сакаме да ги обновиме договорите со сите овие играчи, додаде директорот на ПСЖ.

За Мбапе и Нејмар се заинтересирани неколку големи европски екипи, а како најголем фаворит за потписот на францускиот фудбалер се смета Реал Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close