0_Спорт.ПорталФудбал

Леонардо ги критикуваше играчите на ПСЖ за неумереност на натпреварот против Марсеј

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, ги критикуваше играчите на парискиот клуб за однесувањето на мечот од 3. коло на францускиот шампионат против Марсеј (0:1).

Париз, 14 септември 2020 (МИА) – Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, ги критикуваше играчите на парискиот клуб за однесувањето на мечот од 3. коло на францускиот шампионат против Марсеј (0:1).

Во самиот финиш играчите на двата тима учествуваа во масовно кошкање по што судијата додели пет црвени картони.

– Ние сме луди. Не сакам ни да коментирам – видеата покажуваат што се случило, – го цитира функционерот Л’Екип.

Имаме проблеми со дисциплината. 14 жолти и 5 црвени картони означуваат дека играта е надвор од контрола. Можеби судијата не делуваше сосема логично до одреден степен, но јас нема да го бранам однесувањето на нашите играчи. Инцидентот беше многу сериозен и треба да се разговара со тимот, изјави Леонардо.

ПСЖ по два натпревара во новото првенство нема освоено ниту еден бод. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close